Драматични моменти доживуваат семејствата во Русија, по најавата на рускиот претседател Владимир Путин за делумна регрутација.

Поконкретно, претседателот на Русија, седум месеци по инвазијата на Украина, најави – во својот говор – воена мобилизација во земјата.

Обидувајќи се да ја образложи неговата одлука, тој рече дека „армијата се бори против западните операции на фронтот од повеќе од 1.000 километри во Украина“. Како што рече, одлуката е донесена „за заштита на татковината, нејзиниот суверенитет и територијален интегритет како и безбедноста на граѓаните“.

Рускиот претседател уште еднаш се закани дека ќе употреби нуклеарно оружје, велејќи „Не блефирам!“.

По оваа објава, следеа драматични моменти во Русија, со луѓе кои излегоа на улица за да протестираат против ваквиот развој на настаните. На социјалните мрежи почнаа да се објавуваат поврзани видеа каде мажите ги гушкаат своите семејства и се збогуваат плачејќи.