Иако поминаа речиси четирит дена од погребот на кралицата Елизабета Втора, сепак впечатоците не се смируваат, а јавноста не престанува да го анализира секој детал од овој историски настан.

Јавноста, очекувано, најмногу ја заинтригира односот меѓу членовите на кралското семејство, а особено начинот на кој сите се однесуваа кон принцот Хари и Меган Маркл, кои неодамна се откажаа од сите кралски должности и се преселија во Америка.

Очигледно е дека помирувањето не се случи – Меган и Хари не присуствуваа ниту на приемот пред самиот погреб, а војвотката од Сасекс беше на видлива дистанца од сите на погребот. Дека ни британската јавност не и е наклонета на Меган, јасно се гледа по дискретните забелешки во официјалните медиуми, па дури и во телевизиските емисии, но и со разни мемиња, фотографии и коментари на социјалните мрежи.

На пример, на самиот погреб камерите во неколку наврати успеаја да ја фатат Меган со солзи во очите, а набрзо токму поради тоа беше мета на жестоки критики. Малкумина веруваа дека тоа е искрена реакција, бидејќи ја обвинија за лажни солзи и извонредна глума.

Од друга страна, од погребот се појави фотографија од Кејт Мидлтон каде таа е насмеана додека разговара со еден од свештениците, но јавноста набрзо ѝ прости на штотуку венчаната принцеза од Велс, а оваа ситуација не се споменува многу.

Се разбира, Кејт веројатно само сакаше да биде љубезна, но обожавателите на Меган Маркл набрзо се запрашаа што ќе се случеше ако ситуацијата беше обратна?

„Само замислете го срамот и хаосот ако Меган Маркл се појавеше во вакво светло на погребот на кралицата и се насмееше“, гласи реченицата која кружи на Инстаграм и Твитер.