Постојат бројни стереотипи за женското тело, како и трендови кои ни се наметнуваат, но на повеќето не можеме да влијаеме. Еден од нив се однесува на облините. Додека некои се обидуваат да ги сокријат своите „недостатоци“, на други не им пречи да ги посочат. Така е и со Норвежанката која се прослави со необичен детаљ.
Додека социјалните мрежи се преплавени со објави на дами кои главно не се трудат да ги сокријат своите атрибути, се приклучи и Норвежанката Џули Евлоренцен, која ја покажа својата фигура пред корисниците на Интернет.
Џули изјави дека го има „најрамниот задник на планетата“, а покажувајќи за што зборува, за кратко време се прослави на TikTok, дури стигна и до страниците на некои британски медиуми.
Иако на почетокот немала поим што ќе се случи кога ќе ги објави фотографиите во костим за капење, многумина останале фасцинирани од обликот на телото на Џули, додека некои не можеле да поверуваат дека тоа што го гледаат е фотографија без филтер.
„Сите знаеме дека го имам најрамниот задник на планетата. Често ме прашуваат дали користам филтер“, вели Џули во една од објавите.
„Ова е лудо, никогаш досега не сум видел вакво нешто“, коментира еден корисник, додека многумина ја „предизвикуваа“ Џули да признае дека користи ефекти.
“Не сум навредена, не мора да ми кажувате дека гледате облини. Задникот ми е рамен”, истакнува Џули, која го прифатила своето тело и не се срами да го покаже.
Колку таа ги заинтересира следбениците на оваа социјална мрежа по нејзините први објави покажува и податокот дека една нејзина снимка ја погледнале дури 57 милиони луѓе.
Под други објави, многу луѓе признале дека она што го виделе со Џули им помогнало да стекнат поголема самодоверба, но и самите да се обидат да ги прифатат своите „маани“.
„Сите тела се убави такви какви што се, проблемот е што општеството ни кажува поинаку“, заклучил еден корисник.
Иако многу луѓе се обидуваат да ги следат најновите трендови, оние кои се однесуваат на нашите тела секако не се нешто на кое треба да се прилагодиме.
Многу експерти предупредуваат за ова.
„Многу е опасно кога им сугерираме на жените, особено на младите, нивните тела да се менуваат и да се приспособат на трендовите. Така жените се гледаат себеси како предмети, а не како живи суштества, што е многу опасно и деструктивно“, велат тие.
Be the first to write a comment.