Машката екипа на ФТЦ од Будимпешта преку социјалните мрежи објави дека нивниот член, Хенрик Хорват, кој беше член на младинската екипа на клубот, починал во неделата.

Хорват, кој имаше само 20 години, според унгарските медиуми беше перспективен ракометар. По десет месеци боледување, младиот ракометар не успеал да ја добие најважната битка во животот.

,,Почина Хенрик Хорват, играч на Ракометната академија на ФТЦ. По долго боледување, не остави во неделата. Почивај во мир, Хенрик, ќе те чуваме во нашите спомени!”, напишаа од ФТЦ.