„Колектив ултрас Париз“ (ЦУП), најпознатата навивачка група на Пари Сен-Жермен, застана во одбрана на својот фудбалер Идрис Геј, кој минатата сабота одби да настапи со дрес со бројки во бои на виножитото во знак на поддршка на Денот за борба против хомофобијата.

Оваа одлука на сенегалскиот фудбалер предизвика бура реакции во Франција откога Француската фудбалска федерација (ФФФ) реши да го даде на дисциплинска постапка барајќи објаснување за неговиот потег.

Меѓутоа, тој доби и поддршка од навивачите на клубот, кои сметаат дека Геј има право на сопствено мислење.

„Секоја личност има слобода да промовира каузи според сопственото убедување на начин на кој сметаат. Идриса Геј секогаш покажал однесување вредно за почит и секогаш бил без предрасуди“, се вели во објавата на навивачката група.