54-годишен маж починал рано утрово во болница во Задар, по инцидент во ноќен клуб во Биоград, северна Далмација. Задарската полиција извести дека околу 04:00 часот постапила по пријава од Итна медицинска помош Биоград дека на маж му била укажана лекарска помош во ноќен клуб во Биоград.
РТЛ наведува дека се работи за обезбедувач на ноќен клуб. За укажување на понатамошна лекарска помош, 54-годишниот хрватски државјанин бил пренесен во Општата болница Задар, каде починал.
Во координација со дежурниот жупански обвинител, кој излегол на местото на настанот, полицијата изврши увид, додека две лица се однесени во полициските простории, а за сите околности на овој настан се води кривична истрага.
Со спроведените мерки и дејствија полицијата засега утврди дека во текот на вечерта во угостителскиот објект дошло до нарушување на јавниот ред и мир и тепачка меѓу повеќе лица. По наредба на жупанискиот обвинител, на телото на починатиот е наредена обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.
Be the first to write a comment.