The Kremlin says Vladimir Putin visited Mariupol, the Ukrainian city Russia’s invading army razed to the ground, overnight by helicopter.
This is a show of defiance after the ICC arrest warrant – Ukraine says 1,000 of the 14,700 children Russia abducted are from Mariupol. pic.twitter.com/vtyuTbEtY1
— max seddon (@maxseddon) March 19, 2023
Рускиот претседател Владимир Путин во текот на ноќта го посети окупираниот украински град Мариупол, кој руската армија прво го уништи, а потоа го освои минатата година. Руската режимска телевизија објави неколку видеа на кои се гледа како Путин вози автомобил низ улиците на Мариупол. Руските медиуми објавија дека Путин во неколку наврати го запрел автомобилот и излегол од него за да разговара со жителите.
Макс Седон, шеф на московското биро на Фајненшл тајмс и експерт за ситуацијата во Русија, објави серија снимки емитувани на руската државна телевизија и им даде малку повеќе контекст.
Here Putin is apparently driving around Mariupol semi-incognito as Marat Khusnullin, a senior official in charge of construction and redevelopment, tells him about Russia’s efforts to rebuild what its army destroyed. pic.twitter.com/K3dwFYen4I
— max seddon (@maxseddon) March 19, 2023
„Ова е знак на пркос откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за негово апсење. Украина вели дека 1.000 од 14.700 киднапирани деца се од Мариупол“, објави Седон заедно со видеото на Путин како вози автомобил околу Мариупол откако слетал во градот со хеликоптер
„Во ова видео, Путин вози низ Мариупол „полуинкогнито“ додека Марат Кушилин, висок функционер задолжен за реконструкција, му кажува што направила Русија за да го обнови она што нејзината војска го уништила“, рече Седон со друг клип од Мариупол.
„Кремљ, исто така, објави дека Путин ја посетил реновираната филхармонија на Мариупол, каде Русија планирала да ги одржи таканаречените судења на украинските воени заробеници минатата година, пред сепак да ги размени“, објави Седон со друго видео од Путин.
The Kremlin also says Putin visited the restored Mariupol philharmonic, where Russia planned to hold show trials of Ukrainian POWs last year before exchanging them instead. pic.twitter.com/V4ULBJPE37
— max seddon (@maxseddon) March 19, 2023
„Во ова видео го гледаме Путин како ги посетува локалните жители кои му велат дека „се молат за него“ и додаваат дека Русија им изградила „парче рај“ за да ги замени нивните уништени станови“, пишува Седон за видеото на кое се гледа Путин како „спонтано“ разговара со жители на Мариупол.
And here Putin visits some locals who tell him they were “praying for him” and say Russia built them a “little piece of heaven” to replace their destroyed apartments. pic.twitter.com/pXtUhalSKx
— max seddon (@maxseddon) March 19, 2023
Вниманието на новинарот го привлече уште еден детал од видеото на кое се гледа како Путин исто така „спонтано“ влегува во еден од реновираните станови во Мариупол.
Note how, for this supposedly spontaneous visit to Mariupol in the dead of night, the people living in this apartment laid out a whole table of food for Putin, like he’s Santa Claus and just shows up unannounced pic.twitter.com/9L8sKfsXCu
— max seddon (@maxseddon) March 19, 2023
„Забележете како, за потребите на оваа наводно спонтана посета на Мариупол среде ноќ, луѓето што живеат во овој стан ставаат храна на масата, како да е Дедо Мраз кој ненајавен пристигнува“, објави Седон со скриншот од пропагандно видео на Кремљ.
Be the first to write a comment.