Рускиот претседател Владимир Путин ја деградираше руската тајна служба ФСБ, откако истата немаше успех во првата фаза од офанзивата во Украина и извештаите дека војниците одбиваат да ги извршуваат наредбите во Украина, пишува британски Телеграф.
Наместо ФСБ, бруталната руска воена шпионска единица ГРУ, која се обиде да го убие Сергеј Скрипал во Солсбери во 2018 година, сега добила команда со руските разузнавачки операции во Украина, додава Телеграф.
Напади и обиди за атентат на Запад
Во војната беа убиени неколку руски генерали, а беа уништени и други важни цели, како што е водечкиот брод на руската Црноморска флота.
Назначувањето на ГРУ во Украина треба да ги подобри перформансите на руската војска, изјави Андреј Солдатов, истражувач и академик специјализиран за руската шпионска заедница.
„Ќе биде поефикасно на бојното поле, се разбира. Контактот со војниците е подобар, логистиката е подобра“, рече тој.
Новиот човек задолжен за собирањето разузнавачки информации на Путин во Украина е генерал полковник Владимир Алексејев, кој беше вклучен во напади и обиди за атентат на Запад.
„Велика Британија и Европската унија го обвинуваат Алексејев дека го надгледувал нападот со хемиско оружје во Солсбери 2018 година. Тој е искусен специјален агент, кој исто така е санкциониран од САД за директно сајбер мешање во американските избори во 2016 година“, рече Солдатов.
„Подготвен за убивање“
Генералот Алексејев беше унапреден во прв заменик-шеф на ГРУ во 2012 година.
„Алексејев водеше воена операција во Сирија и беше вклучен во конфликтот во Донбас. Колегите офицери го сметаат за брутален и самоуверен до степен на немилосрдност. Тој секогаш е подготвен да убива“, рече Солдатов.
Be the first to write a comment.