Пронајдено е телото на девојчето што настрада во тешката сообраќајна несреќа што се случи во петокот, во кањонот на реката Тара во Црна Гора.
Спасувачките екипи се уште трагаат по другото дете кое било во автомобилот задно со нивната мајка која настрада во несреќата.
Според информациите од регионалниот нуркачки центар за подводно деминирање и обука на нуркачи (RCUD), телото на девојчето било пронајдено на околу три километри од местото на несреќата.
До несреќата дошло откако автомобилот од се уште неутврдени причини, слетал во кањонот. Во сообраќајната несреќа загина мајката на трите деца, 27-годишната Јелена Вуковиќ, по двете деца се трагаше, а третото дете кое ја преживеа несреќата, истата вечер беше извлечено од кањонот и хоспитализирано.
Be the first to write a comment.