Силен земјотрес на полноќ во соседна Грција, точно во 00:02 минути по македонско време, односно 01:02 минути по локално грчко време.

Првичните информации се дека епицентарот е во близина на Атина. Се уште нема официјални информации за штети.

Првичната јачина на земјотресот беше објавена дека е 6 степени по Рихтер, за подоцна да биде корегирана на 5,9, па 5,1 според Рихтер.

Земјотресот е на длабочина од 5 километри, 16 километри југоисточно од населеното место Итеа, односно 69 километри од Патра, град со околу 1500.000 жители.

Земјотресот беше доста забележлив и во Атика, објавуваат грчките медиуми.