Трагедија за семејство германски туристи во грчкото место Ретимно на островот Крит.

Како што јавуваат попладнево грчките медиуми, нивното тригодишно момче ја загуби битката за живот, пет дена откако се онесвести во базен.

Сè започнало на 3-ти октомври кога малото дете било пронајдено во несвест во затворен базен изнајмен од неговите германски родители во Ретимно.

Според грчките медиуми, на местото на настанот пристигнало возило на брза помош, чија екипа извршила Кардиопулмонална реанимација на тригодишното момче.

По реанимацијата, детето се освестило и било префрлено во Универзитетската општа болница во Ираклион, каде за жал, денеска (8 октомври), починало.

Полицијата ги истражува точните околности на трагичниот инцидент.