Полицијата која цела ноќ го пребарувала ѓубрето недалеку од куќата на исчезнатата Ана Волш пронашла неколку вреќи со ѓубре полни со крв, пишува Блиц.рс.

Пронајдена е и секира, пила, тепих и употребени средства за чистење, со кои, се сомнева, некој се обидел да ги отстрани доказите за кривичното дело.

Во текот на ноќта, полицајците ја пребаруваа и чешлаа депонијата Пибоди, која се наоѓа во близина на домот на Волш во Кохасет.

Претходно беше потврдено дека заплениле и однеле на депонија голем контејнер со ѓубре што се наоѓал во комплексот згради каде живее мајката на Брајан.

Американските медиуми јавуваат дека полицијата пронашла и важни докази при претресот на автомобилот на Брајан Волш. Утврдено е дека се работи за траги кои некој се обидел да ги избрише.