Еден необичен моден детал на Александра Пријовиќ го привлече вниманието кон пејачката, иако можеби сакаше да предизвика спротивен ефект.

Александра Пријовиќ е една од српските пејачки која најмногу работи, па секој викенд е резервиран за заминување во странство за настап. И овој пат не недостигаа ангажмани, а екипата на Блиц ја сретна на белградскиот аеродром, кога во доцните попладневни часови се враќаше дома.

И ништо немаше да биде необично доколку Прија не носеше очила за сонце, иако веќе беше самрак.

Можеби пејачката сакаше да се сокрие и да остане незабележана со ова, но може да се каже дека токму очилата го привлекоа вниманието кон неа.

Не е познато дали со ова сакала да го сокрие уморот, но сигурно е дека покрај доброто расположение, насмевката и опуштената гардероба, токму овој моден детаљ на многумина им падна во очи.

📸

📸

📸