Деветгодишен ученик денеска бил претепан од соучениците во Основното училиште „Новка Убовиќ“ во Подгорица, откако им одговорил дека ја поддржува Украина, изјави за подгоричкиот весник „Вијести“ неговиот татко Б.Р.
Настанот го пријавил во Управата на полицијата, а претходно и во управата на училиштето и кај наставничката од четврто одделение.
– Околу 11 часот дојдов да го земам син ми на училиште, како што обично правам. Потоа ми кажа дека го нападнале три момчиња од неговиот клас. Тој рече дека го прашале дали ја поддржува Русија или Украина, тој одговорил Украина, по што физички го нападнале удирајќи го неколку пати во пределот на главата и телото, изјави за „Вијести“ таткото на нападнатото момче.
Be the first to write a comment.