Таткото на починатиот Видое Ристовиќ си ја отвори душата: Можеби е отруен, сè е сомнително
Таткото на починатиот историчар на уметноста Видое Ристовиќ се согласил за српски „Курир“ да зборува за смртта на својот син на поменот. Виктор Ристовиќ, попознат како Миша Гроф, открил дека целата ситуација со обдукцијата е многу сомнителна.
Миша се појавил на поменот по повод 40 дена од смртта на неговиот син Видое.
„Сите објавуваат сè, веројатно нешто се крие, можеби е и отруен. Никој не нè извести за ништо. Не можеа да ги најдат луѓето што ја извршија обдукцијата, сето тоа е многу, многу сомнително“, рекол Видое и додал:
„Тој немаше проблеми со срцето. Ми рекоа дека испил чаша вотка. Таа која беше на фотографиите, не ја видов.“
На поменот била и вдовицата Николина Пишек, со која Миша веднаш се поздравил и ја прегрнал.
Да потсетиме, со хемиско-токсиколошката анализа е утврдено дека Видое Ристовиќ во моментот на смртта бил алкохолизиран, во крвта имал 2,83 промили алкохол . Откриено е и дека консумирал лекови од групата седативи кои не биле во токсична концентрација, односно не биле во концентрација што може да предизвика смрт.
Миша Гроф тогаш се огласи откако медиумите ги објавија резултатите од обдукцијата, изразувајќи сомнеж за вистинитоста на тие наоди.
Be the first to write a comment.