Уште некој ден не дели од календарски старт на летото, но уживањето покрај вода и под сонце започна доста порано.
Фолк пејачката Елена Велевска има полна агенда со настапи кои секако дека црпат многу енергија и време, па одморот покрај охридското езеро кое и е најблизу до домот, и е повеќе од добредојден.
Ослободена од шминка и легната во удобна пзоиција на лежалка под сонцето во еден охриски хотел, Велевска ги полни баретиите за следниот настап, обврските во домот, децата…
За разлика од минатите лета кога ја гледавме во провокативни мини бикини, овој пат Елена изненади со едноставниот модел на костимот за капење во кој позираше.
Она што следбениците најмногу го забележаа, е дека пејачката изгледа многу убаво без шминка во природно издание.
Елена почувствува дека за најновата фотографија на социјалните мрежи нема потреба од шминка и пред своите обожаватели и следбеници покажа како изгледа во сосема природно.
За овој изглед Елена доби лавина комплимети, заслужено нели?
Be the first to write a comment.