Срѓан Лалиќ, најозлогласениот член на кланот на Вељко Беливук, склучил договор за статус на ОБВИНЕТ СВЕДОК со Обвинителството за организиран криминал, дознава Нова.рс.
Лалиќ се изјаснил за виновен за кривичните дела што му се ставаат на товар. Склучил договор со обвинителството во замена за 18 години затвор.
Оваа информација за Нова.рс ја потврдија од Обвинителството за организиран криминал.
Според обвинението, Лалиќ бил еден од најблиските соработници на Беливук и Марко Миљковиќ, односно може да се каже дека бил нивниот „човек од доверба“.
Учествувал во сите ликвидации – убиствата на Александар Глигоријевиќ, Горан Величковиќ, Лазар Вукиќевиќ, Здравко Радојевиќ и Милан Љепоја, за што е осомничен овој клан.
Лалиќ, пред да стане „војник“ на Беливук, бил ИТ експерт со универзитетско образование.
Be the first to write a comment.