БИЛЈАНА Стојановиќ (38) од Велики Трњан, село во околината на Лесковац, сама го убила сопругот Иван (40), а за ова злосторство, кое било извршено пред повеќе од три години, до неодамна никој не знаел, пишува Новости.рс.

Тајната на Билјана беше откриена откако таа се самоуби на крајот на јуни годинава.

Вишото јавно обвинителство Лесковац соопшти дека врз основа на прибраните сознанија и преземени дејствија во предистражната постапка не се утврдени факти кои укажуваат на постоење основи на сомнение дека друго лице заедно со Билјана учествувало во убиството.

Исто така, не беа утврдени факти дека некој знаел дека делото е сторено.

Обвинителството ќе ја отфрли кривичната пријава против Билјана Стојановиќ, поднесена од Полициското одделение во Лесковац, поради сомнение за сторено кривично дело тешко убиство. Од обвинителството велат дека ова е стандардна процедура, бидејќи осомничениот е починат.

-Институтот за судска медицина во Ниш се уште го нема доставено до обвинителството извештајот за обдукцијата на телото на покојниот Иван Стојановиќ, иако тоа е направено, поради што обвинителството побара извештајот да биде доставен во најкраток можен рок. Испративме и писмо до институтот да го предаде телото, односно посмртните останки на Иван Стојановиќ на семејството на погреб, доколку се исполнат условите за тоа – се наведува во одговорот на вишиот јавен обвинител Љиљана Златановиќ Јанковиќ доставен до Ноости.рс.

Телото на Иван во домот на Стојановиќ било пронајдено на крајот на јуни на денот на погребот на Билјана. Таа изврши самоубиство неколку дена претходно во истата просторија каде што телото на несреќниот маж беше откриено во забетонирано буре.

Во меѓувреме, ДНК анализата ги потврди претходните претпоставки дека станува збор за сопругот на Билјана, Иван, а истрагата покажа дека овој човек бил жртва на брутално убиство за кое се сомничи дека Билјана го извршила пред повеќе од три години. Според неофицијални информации, таа брутално го убила сопругот со ладно оружје. Наводно, таа го распарчила и со тоа ги пренела деловите од телото во помошен објект во дворот од семејната куќа, каде потоа го заѕидала.

Се претпоставува дека Иван бил убиен додека спиел, а злосторството било откриено дури кога Билјана решила да си пресуди, веројатно затоа што не се помирила со својата совест и фактот дека животот го поминувала во близина на телото на маж со кој родила три деца.

Во последниве години, таа на сите им кажувала дека Иван е на привремена работа во Русија, измислувајќи причини зошто не може да се врати дома.

Нема официјални информации за причините поради кои Билјана решила да го убие сопругот.

За ова мештаните само сшпекулираат. Очигледно само Билјана го знаела вистинскиот мотив и таа тајна ја понела со себе во гроб. Во селото се шпекулира дека Иван бил љубоморен, но и дека наводно имал причини за тоа. Најверојатно бил убиен во една од собите во куќата во која покрај ова семејство живее маќеата на Билјана, за која претходно се шпекулираше дека и помогнала на Билјана да го заѕида бурето со телото, мислејќи дека и помага да го сокрие семејното богатство.

ТРИ ГОДИНИ ЖИВЕЕЛА ВО ЛАГА

БИЛЈАНА повеќе од три години живеела со своите лаги и разни теории за да ги убеди своите деца, семејството на Иван и сите околу неа дека Иван е жив. Таа наводно телефонски разговарала со сопругот пред децата и другите сведоци, им праќала поздрави и разни пораки, но секогаш наоѓала причини тој лично да не разговара со нив. Сама одгледала три деца. Во меѓувреме, таа наводно имала љубовник, но истрагата утврдила дека тој на никаков начин не е поврзан со ова злосторство.

ПАСОШОТ ГИ ПРОБУДИЛ СОМНЕЖИТЕ

Откако Билјана извршила самоубиство, нејзината најстара ќерка наводно го пронашла пасошот на нејзиниот татко, кој ги побил сите лаги на Билјана. Со проверката било утврдено дека Иван не ја напуштил земјата од последното доаѓање од Русија, а кога неговиот брат полицаец го скршил ѕидот во помошната просторија од куќата на Стојановиќ, телото на својот брат го нашол во буре полно со бетон.