Томислав Манчиќ (32) од Крњача во вторникот вечерта на 14 март во 20 часот и 17 минути ја напуштил зградата, по што се упатил кон Зрењанинска пут, а потоа исчезнал без трага. Од денеска, според информации на порталот Нова, во потрагата е вклучена и речната полиција, а исчезнатиот пред да го снема оставил проштално писмо.
Според неофицијални информации, Томислав Манчиќ оставил проштално писмо, а откако го пронашла, неговата мајка на 16 март во полиција го пријавила исчезнувањето на нејзиниот син.
– Тој остави писмо во кое напиша дека никој не треба да се гружи и дека оди по друг пат. Тој не наведе причина, а што би го натерало на ваков чекор не знаат ниту неговите најблиски. Полицијата го презела писмото, а во тек е прегледувањето на уличните камери за да се утврди каде тргнал понатаму, вели извор за српските медиуми.
Тој со себе не го зел ниту мобилниот телефон. На сајтот за исчезнати лица во Сребија, наведено е дека Манчиќ со себе не го зел ниту мобилниот телефон, ниту личните документи, а во моментот на исчезнувањето носел црн елек, црни патики и црн дуксер. Очајното семејство бара доколку некој од граѓаните го види да пријави во полиција која е запознаена со овој случај.
– Само да е жиб Тома – рекол вујкото на исчезнатиот млад човек. Младиот човек е висок 183 сантиметри, тежок околу 100 килограми, има кафени очи и е ќелав.
Be the first to write a comment.