Актерот Били Камец почина само два месеци откако му беше дијагностициран рак на дебелото црево. Камец имаше само 35 години и беше следен армија обожаватели ширум светот бидејќи го позајмуваше својот глас во цртаните филмови и видео игрите.

Во април, Били на својот канал на Јутјуб сподели исповед за борбата против ракот на дебелото црево, која ја нарече „бизарна случајност на природата“.

„Се обидувам да останам позитивен, сакам да знаете дека нема да се откажам и дека ќе се борам со ова. Тоа се случи, но имам толку многу добра енергија и луѓе околу мене кои ме поддржуваат, што знам дека ќе се извлечам“, рече тој тогаш.

Поради лекување, терапија и зрачење, актерот отворил и страница на која собирал пари за помош.

Били стана познат во мјузиклите на Дизни во театарот и го даде својот глас за цртаните филмови „Покемон“, „Боруто“, „Огнот на судбината“, како и за игрите „Црна пустина“, „Убиец на демони“, „Надворешните светови“ „Марио и Соник на Олимписките игри“.

Ова се најчестите симптоми на рак на дебелото црево

1. Дигестивни промени како што се дијареа, запек или друга конзистентност на столицата

2. Крварење од ректумот или траги од крв во столицата

3. Постојано чувство на непријатност во стомакот

4. Болка, гасови или грчеви во стомакот

5. Чувството дека не сте се „испразниле“ целосно со одење во тоалет