Во Ново Село е тивко, а граѓаните не се расположени да коментираат откако низ селото се прошири веста дека синоќа е пронајдено мртво момче.
Станува збор за Д.В. 26 годишно момче од Струмица, потврдуваат од СВР. Настанот е пријавен околу 19 часот. Врз телото на момчето имало видливи повреди.
– На 07.06.2022 во 18.30 часот во Полициската станица Струмица Д.В.(49) од Струмица пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син Ј.В.(26).
Јавното обвинителство извести дека издале наредба за обдукција за да се утврди точната причина за смртта, иако првичните сознанија се дека станува збор за насилна смрт.
Во следните денови ќе се сослушуваат и сите лица со кои последниот период момчето комуницирало.
Be the first to write a comment.