











Пожарникарите од Пријепоље утрово од реката Лим извлекле безживотно тело на маж, чиј идентитет се уште не е познат, но постои сомневање дека е татко на поранешниот фудбалер Ивица Драгутиновиќ.
Непознато е и како несреќниот маж загинал во реката. Неговото тело синоќа било забележано како плута во Лим на потегот помеѓу Пријепоље и Бистрица, што било пријавено кај пожарникарите кои утрово го извлекле телото.






– На местото на несреќата веднаш се испратени вкупно пет пожарникари – спасувачи со две возила. За само десет минути пристигнале на местото на настанот и веднаш почнале да го извлекуваат настраданиот – вели добро упатено лице.
По два часа пожарникарите успеале да го извадат телото на починатиот од реката, по што екипа на Итна помош констатирала смрт.






Be the first to write a comment.