Шокантни се случувањата во врска со хорор случајот во Грција, со убиството на доенчето од сопствената мајка.

Според информациите, за време на реконструкцијата кое утрово се случило на местото на настанот во присуство на истражител, 29-годишната жена признала дека го фрлила своето 11-месечно бебе во ледените води на браната Алијакмонас.

– Забележано е дека до денес тврдела дека се работи за несреќен случај и дека бебето ѝ побегнало и ползело и паднало во водата, исказ којшто утрово целосно го повлекла, веднаш штом полицијата ја однела до браната Алијакмонас, пишуваат грчките медиуми.

– Сакам да ги повлечам моите изјави и да го сменам првичниот исказ. Тоа што го кажав претходно не се случи. Го фрлив детето во вода, изјавила мајката која сепак не можела да ја објасни причината за нејзиниот грозоморен чин.

Реконструкцијата на страшната трагедија траела вкупно еден час и 40 минути и истата била спроведена под драконски безбедносни мерки. Обвинетата, не прифаќала и не верувала дека доенчето починало.

Утре се очекува 29-годишната по барање на истражителот да биде префрлена во Солун на психијатриско вештачење. Ова е местото од каде што мајката го фрлила едногодишното бебе:

📸

📸