Фолк пејачот Ацко Незировиќ вели дека со години бил зависник од кокаин и дека престанал да го користи кога сфатил дека тоа го влече сè подлабоко во провалија.

Тој вели дека, покрај овој опасен порок, пиел многу, а решил да се ослободи од сите свои пороци кога сфатил дека поради тоа му трпи работата, бидејќи почнал да ги избегнува тезгите и да губи огромни суми пари.

– Пробав кокаин, иако никогаш не го поддржував тоа. Сакав да пробам се кога бев помлад, никој не ме тераше. Земав „бело“ седум, осум години, а потоа видов дека пропаѓам. По два дена и ноќи без сон, не бе способен за ништо – отворено вели пејачота и продолжува:

– Не одев на настапи, лажев дека тетка ми починала и губев по 2.000-3.000 марки. Испраќав друг колега на „тезга“ каде што требаше да се појавам. Беше страшно и ме доведе до крајна граница. Сум имал колеги кои не можеле да оддолеат и така се упропастиле. Кога го допрев дното, престанав да влечам линии за да не оотидам во амбисот, од каде што нема враќање. Имав проблем и со алкохолот, а потоа престанав. Не сум ни сега целосно, понекогаш пијам, но денес никогаш не си дозволувам да претерам.

Незировиќ вели дека покрај дрогата и алкохолот, коцкањето е доминантен порок на естрадата

– Многу мои колеги се зависници од коцкање, а тоа е еден од најголемите пороци. Никој не треба да го прави тоа. Не се каам што пиев и се дрогирав, бидејќи и за мене тоа беше големо искуство. Никогаш не сум имал лутина против никого, дури ни кога сум бил пијан. Никогаш не сум направилневолја. Дури и кога пијам, знам сам да завршам свирка. Секој има право да се дрогира, не можам да го забранам тоа. Кога бевме во Париз на свадби, најчесто работевме за викенди. Цел викенд си на нозе, работевме по 20 часа, мора да издржиш. На свадби надвор од Србија земавме околу 150.000 евра. Се фрлаа пари на такви прослави, тоа што некои наши земаат по 2.000-3.000 евра не е ништо. Начинот на кој работевме порано, не беше нормален. Порано само така заработував, но денес е малку поинаква приказна. Од две свадби можев да заработам за стан. И тогаш присуствував на се, нема никого да издадам, но ако некој има проблем со пороците, важно е да го разбере навреме за да може да престане. Ако не сфати дека е во неволја, можеби ќе биде доцна – заклучил фолкерот.