Популарната пејачка Антониа Гиговска денеска го прославува својот 22 роденден, а на својот профил на Инстаграм ја шокираше јавноста со нејзината објава.

Младата пејачка откри дека наскоро ќе се оствари во улогата на мајка…

Имено, Гиговска сподели фотографија од ултразвукот и напиша неколку емотивни зборови…

„Долго време се криевме од вас, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа. Малечко мое, од сега секој роденден ќе го славиме заедно. Среќен роденден на мене и погодете кој ќе стане мајка. Со душа те чекаме“ – стои во објавата на Антониа…

Покрај веста дека е во блажена состојба, Антониа откри и кој е таткото на бебето. Тоа е музичарот кој е во нејзиниот бенд, Роберт Спасенцовски, со кого таа е во љубовна врска неколку месеци…

📸

📸

📸