Денеска (02.04.2023) полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.А., постапувајќи по пријава од 01.04.2023 примена во 21.00 часот од страна на вработена во СОС Детско село на подрачјето на Гази Баба, според која тој и женско лице А.З. од кругот на установата земале малолетничка, лице со здравствени проблеми.

По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, во координација со јавен обвинител од ОЈО Скопје, Г.А. бил пронајден, приведен и задржан, додека за А.З. е распишан централен распис, а малолетничката е вратена во установата.

Известен е Центарот за социјални работи Радовиш и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.