Бургас и населените места на бугарското крајбрежје се опоравуваат од штетите предизвикани од ураганската бура, јавуваат бугарските медиуми. Најтешка е состојбата во Поморје, каде градоначалникот Иван Алексиев прогласи делумна вонредна состојба, свикан е кризен штаб. Поројниот дожд и ураганските ветрови предизвикаа огромни штети.
„Прогласена е делумна вонредна состојба. Што е најважно, луѓето кои беа повредени во невремето се пренесени во медицинска установа. Спасено е и лицето кое паднало на јахтата“, напиша тој на социјалните мрежи.
Екипи на Противпожарната служба ги расчистуваат дрвјата и гранките кои паднаа за време на катастрофата. Урнати се електричните столбови, поради што градот и околината останаа без струја. Се работи на санирање на несреќата, но градот останува без струја.
Во Бургас се пријавени над 100 пријави – главно паднати дрвја, покриви, изолација и блокирани улици. Нема повредени, општински екипи ги чистат и отвораат улиците.
ПРИРОДЕН ФЕНОМЕН: Морето пред невремето се повлекло за околу 5 метри (ВИДЕО)
– Пред бурата во Бургас, морето се повлече околу 5 метри во внатрешноста. Феноменот се нарекува „сеиша“ или стоечки бран, по што повторно се враќа во првобитната положба, објавено е на специјалзиираната страна Метео Балканс.
Постои причина да се претпостави дека флуктуацијата на морето е резултат на остра промена на атмосферскиот притисок, односно забележана е појава на феноменот наречен „сеише“.
Феноменот „сеише“ е еден вид на подводен немир, односно слободни осцилации на вода во затворени или полузатворени водни базени (мориња, езера или големи резервоари, како и во нивните посебни делови), кои настануваат по инерција по престанокот на влијанието на надворешните сили, во овој случај атмосферскиот притисок.
– Во текот на денот, синоптичката ситуација над Балканскиот Полуостров и западниот дел на Црното Море е иста – област со низок притисок, со бавно поместување на студен атмосферски фронт. Острата промена на притисокот веројатно е резултат на локални термички и динамички причини – нерамномерното загревање на површината на земјата, движењето на воздушните маси во слободната атмосфера и циркулацијата на воздушните струи во атмосферскиот преден систем, се вели во објаснувањето.
Be the first to write a comment.