Полицаец вечерва во белградската населба Карабурма убил разбојник кој прв извадил пиштол и ја нападнал полицијата. Разбојникот вооружен со пиштол вечерва ограбил бензинска пумпа во Мириево.

Почнал да бега кон Палилула, но полициска патрола од Палилула, на улицата „Салвадор Аљенде“ во Карабурма, го забележала.

-Патролата забележала лице кое одговара на описот на разбојникот и кога полицајците му се приближиле на вооружениот маж и кога му наредиле да застане, тој извадил пиштол и ги нападнал полицајците – вели изворот на српските медиуми.

Како што додава тој, во тој момент реагирал полицаец кој испукал куршум од пиштолот и го погодил вооружениот разбојник, кој починал на лице место. Екипата за итна помош ја констатирала неговата смрт.