Почина Петре Латиновски, првиот градоначалник на Бутел.
Оваа тажна вест вечерва ја соопшти актуелниот градоначалник на општината Дарко Костовски.
„За жал вечерва не напушти првиот градоначалник на Општина Бутел, Петре Латиновски.
Петре Латиновски е првиот градоначалник на Општина Бутел кој дванаесет години во три последователни мандати ја добиваше довербата од граѓаните. Беше домаќин и работлив човек кој низ дванаесет години како градоначалник остави многу капитални проекти за Општината.
Или како што милуваше да рече “Јас работев под земја, на атмосферска и фекална канализација”
За време на третиот мандат на Латиновски бев советник во Општина Бутел, понекогаш имавме различни ставови но сепак научив корисни примери за работењето и ефикасното функционирање на општината.
Почивај во мир“ – напиша Костовски.
Be the first to write a comment.