Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари инсистира на предлогот и барањето зимскиот распуст за учениците да се продолжи, односно да трае 2 месеци, со цел да се заштеди електрична енергија. Во спротивно, рече тој, на општините им се заканува сериозна финансиска криза и нема да можат да ги подмируваат сметките.
„Уште мината недела доставивме до Министертсвото за образование и ЗЕЛС барање зимскиот распуст да трае 2 месеци, декември и јануари, кога е најстудено, за да заштедиме енергија. Јас во меѓувреме имав разговори со повеќе градоначалници кои го поддржуваат ваквиот предлог и имаат слично мислење, бидејќи трендот на покачување на електричната енергија оди се повисоко. Практично ние последните месеци, не можеме ништо да работиме, плаќаме плати и сметки за струја. Ништо не можеме со вакви високи цени да сработиме, а да не зборуваме како ќе биде во грејната сезона. Ова е мој апел до МОН, сериозно да го земат предвид и да се прифати, зашто ќе бидеме во сериозна финансиска криза сите општини. Генерално мислам дека и државниот буџет е празен и нема да може да го компензираме ова’, истакна градоначалникот.
Првиот човек на Гостивар на почетокот на новата учебна година бараше и властите да лобираат кај енергетските компании, за училиштата да не се плаќа индустриска струја, туку по тарифи како за домаќинствата.
Be the first to write a comment.