На 80 годишна возраст во Гостивар почина Милош Смиљаноски, професор по македонски јазик и автор на две книги раскази со наслов „Гостијарци за незаборав“.

Смиљаноски просветната кариера ја започнал во ОУ „Моша Пијаде“ (денешно „Исмаил Ќемали“), ја продолжил во ОУ „Гоце Делчев“, а потоа станал регионален советник по македонски јазик во Министерството за образование.

Првата збирка раскази „Гостијарци за незаборав“ ја издаде во 2014-та година, додека вториот дел, минатата 2021-ва година.

Низ книгите се раскажуваат вистинити приказни за животни стории на гостиварци од различни професии, националности и историско доба на градот.