Голем пожар избувна во зграда во населбата Широк Дол во Штип доцна попладнево, а по едночасовна борба со огнот, пожарникарите успеаја да го изгаснат.

Според првичните информации, нема повредени, а пожарот зафатил еден стан. Станарите биле евакуирани од објектот навреме, јавуваат локалните медиуми.