Засекогаш ги затвори очите, Ирена Папас, актерката со албанско потекло која процвета во Грција, но стана позната низ целиот свет, јавија албанските медиуми.

Додаваат дека кога се родила имала албанско презиме, на нејзиниот татко, Лелеку.

-Не можам да го напуштам овој свет, а да не ја кажам вистината, дека сум Албанка! Кога се родив во 1926 година, се презивав Ирене Лелеку“ – беше силната изјава на актерката пред шест години, која ги шокираше Грците кои ја знаат како актерка со хеленско потекло. Албанското потекло на познатата актерка често беше оспорувано, особено од грчките биографи, наведуваат медиумите.

Како што самата изјавила мајка и била од Епир, а татко и од Албанија, и додала дека чисто го зборува “јазикот на нејзината мајка- албанскиот”.

За време на снимањето на легендарниот филм „Одисеј” во 1968 година, за време на паузите, двајцата актери, Папас и Беким Фехмиу, разговарале на јазик што никој друг од филмската екипа не го користел. Обземен од љубопитност, еден од нив прашал:

-Извинете, но на кој јазик зборувате“

Ирена Папас (Ирине Лелеку) му ја допрела раката на Беким Фехми и одговорила :Тоа е нашиот мајчин јазик.

Мајчин јазик? А каков може да биде тој мајчин јазик кога ти си Гркинка, а Беким Фехмиу Југословен? било следното прашање.

– Јас сум Албанка од Грција, додека Беким е Албанец од Југославија, но најважно е дека волјата на самиот Бог беше ние двајцата да ги играме овие две улоги бидејќи некогаш и Пенелопа и Одисеј зборувале на ист јазик, како што денеска разговараме јас и Беким, одговорила Папас.

Во однос на нејзината убавина и темен тен рекла дека личи на нејзината мајка.