Седум лица загинаа во верижен судар на обиколницата Б247 кај Бад Лангенсалц во Тирингија во саботата вечерта, а три лица се тешко повредени. Во сообраќајната несреќа учествувале три возила. Ова го потврди портпаролот на противпожарната служба во Бад Лангенсалц.

Според досегашните информации по директен судир два автомобили се запалиле. По судирот возилата удриле во заштитна ограда, пишува магазинот Феникс.

Противпожарните бригади кои биле повикани на терен не можеле да им помогнат на настраданите. Изгореле шест лица, а лицето од третото возило кое учествувало во сударот не ја преживеало сообраќајната несреќа.

Според пожарникарите, повредени се уште три лица. Германските медиуми јавуваат дека меѓу повредените има и тешко повредени. Жителите кои живеат во близина на местото на несреќата беа замолени да ги држат прозорците и вратите затворени поради силниот чад.

Се уште нема информации за идентитетот на жртвите. Патот Б247 е целосно затворен за сообраќај по сообраќајната несреќа.

📸

📸

📸