Актерката Лидија Вукиќевиќ не крие колку и е важно да остане во топ-форма, а на нејзиниот изглед и извајана фигура можат да и позавидат и многу помлади девојки, а таа постојано тоа го докажува.

Освен препознатливата фризура, која дефинитивно е нејзин заштитен знак, Лидија ја одржува и совршената фигура, а според многумина изгледа исто како кога била во триесеттите.

Имено, Лидија објави фотографија од Охрид на која позира покрај базен во светло зелено бикини кое едвај ги покрива нејзините атрибути, а судејќи по ова, како и по другите фотографии кои често ги објавува на социјалната мрежа Инстаграм, ретко кој би поверувал дека Вукиќевиќ има полни 60 години.

Заносната актерка е познат хедонист, па не е чудно што во првите пролетни денови реши да се опушти и да си дозволи малку одмор.

Фотографијата набрзо беше преплавена со коментари на обожавателите кои тврдат дека таа никогаш не изгледала поубаво. „Изгледаш подобро од која било млада пејачка и актерка“, „Ова не е нормално“, „Ти си прекрасна“, „Убава си, како ти успева ова?“, се дел од коментарите.