Долгогодишната уредничка на ТВ БН, Сузана Раѓен Тодориќ, почина денеска, по кратко боледување, во болница во Бјелина.
Сузана Раѓен Тодориќ е родена на 16 декември 1962 година во Сараево, но поголемиот дел од животот го поминала во Јајце.
Дипломирала на Факултетот за политички науки во Сараево, а првите новинарски чекори ги направила во Радио Јајце, а воениот виор ја донел во Бањалука, каде работела во РТРС до 1997 година, јавува БН.
Врвот на својата новинарска кариера го достигна во телевизијата БН, каде што беше уредник на програмата Вести, а уредуваше и водеше неколку емисии, меѓу кои култниот „Пулс“ и политичкиот магазин „Црно на бело“.
Била дописник на многу регионални медиуми и добила бројни награди и признанија, пренесува Бијелинаинфо.
Be the first to write a comment.