Истрагата за масовното пукање во кое момчето-убиец (13) на 3 мај годинава во Основното училиште „Владислав Рибникар“ на Врачар усмрти осум ученици и чуварот на училиштето, а рани шест врсници и наставничка и натаму е во тек, а како што наведува извор вклучен во случајот, се чекаат резултатите од вештачењата кои се клучни.
„На вештачење се пиштолот, телефонот, компјутерот, неговата гардероба, како и личните белешки под кои спаѓаат – негови тефтери, книги кои ги читал… Поентата е да се утврди кого сè повикал, што точно зборувал со лицата со кои бил во контакт, дали бил во конфликт со некој, дали имал некоја симпатија, невозвратена љубов, зошто повеќе девојчињата му биле мета, дали некому му се заканувал, дали некој нему му се заканувал“, вели изворот од истрагата и додава:
„Компјутерот се истражува буквално од денот кога почнал да го користи. Значи, се истражува сè што гледал, со што се занимавал. Исто така се истражува дали стрелање вежбал некаде и на друго место освен во стреланата со својот татко. Се испитува дали можеби некому му најавил што ќе направи. Исто така не е познато како момчето ја знаело шифрата од татковиот сеф“, изјавил извор од истрагата.
Инаку, на момчето му биле потребни околу 120 секунди да погоди 16 лица, за тоа време да смени шаржери, да излезе низ прозорецот и да повика полиција. Според информациите од истрагата момчето во средата во осум часот и четириесет минути влегло во училиштето, а две минути подоцна повикало полиција во осум часот и четириесет и две минути.
Го извршил злосторството со пиштол CZ99 којшто го зел од татко му. Во ранецот по апсењето најдени бил уште еден пиштол како и 4 молотови коктели. Инаку, неговиот татко се сомничи дека оружјето го оставил необезбедено. На сите обвиненија од истражителите таткото на детето изјавил дека „не е виновен“.
Да ве потсетиме, познатиот радиолог во својот стан во сефот имал 5 пушки и два пиштоли. Од својата 12-та година момчето со татко му одело во некоја позната стрелана во Белград, а во неа било и еден месец пред злосторството. По апсењето малолетникот не покажал ниту грам каење. Бил ладен, а на полицајците наводно им рекол „дека е психопат којшто мора да се смири“. Момчето моментално се наоѓа на психијатриска клиника.
10-тата жртва е ранетото девојче кое се бореше за живот. Девојчето кое 12 дена се бореше за живот почина во понеделникот од повреди кои ги здобило во стравичното пукање кое се случило во Основното училиште „Владислав Рибникар“ кога момчето убиец го извршило масакрот.
Докторите 12 дена вложувале напори да го спасат нејзиниот живот, но за жал не успеале. Таа се наоѓала на списокот којшто момчето го направило пред да го изврши злосторството.
Be the first to write a comment.