Српските државјани М.Т. (1959) и Р.Т. (1957) загинаа, а четири лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 13 часот кај местото Трубјела на главниот пат Никшиќ – Рисан во Црна Гора.
До несреќата дошло кога се судриле автомобил со регистерски таблички од српскиот град Аранѓеловац и БМВ со англиски таблички.
Двете жртви биле во автомобилот од Србија, жената починала на лице место, додека мажот починал на пат кон болница, објави ТВЦГ.
Во БМВ-то три лица се полесно повредени, а едно потешко. Како што соопштија од Управата на полицијата, меѓу повредените има тројца државјани на Велика Британија и еден државјанин на Албанија.
Според репортерот на ТВЦГ од местото на настанот, околу два часа се чека на обвинител и екипа за увид, а за тоа време се формирале огромни колони на двете сообраќајни ленти.
📸
📸
Be the first to write a comment.