Холандската полиција непосредно пред злосторството успеала да го реконструира движењето на пејачот Енвер Мики Колашинац, но покренала и истрага која ќе утврди како пејачот од Србија живеел луксузен живот во оваа европска земја.
Да потсетиме, Колашинац, пејачот од Нови Пазар кој сними една песна за „Гранд продукција“, беше убиен минатиот четврток во „сачекуша“ во провинцијата Линбург во Холандија. Непознат напаѓач испукал повеќе куршуми кон Колашинац, кој од пекара се враќал во својот стан.
– Полицијата успеа да ги реконструира настаните што му претходеа на злосторството. Имено, утврдено е дека Колашинац на кобниот 9 јуни во периодот од 14 до 15 часот дошол во станот, а потоа во 15 часот и 54 минути отишол во пекарата да купи леб. Инспекторите дошле до видео снимки од надзорните камери, па дури и прикажале фотографии на кои се гледа како Колашинац купува леб – вели извор од Холандија.
– Веднаш потоа беше застрелан. Полицијата апелираше до граѓаните кои живеат во близина да им достават снимки од нивните надзорни камери и да се јават доколку имаат информации за делото.
Сопругата е неутешна, планирал да се врати во Србија
Хариса Лотинац, бремената сопруга на убиениот Колашинац, за српските медиуми изјавила дека нема многу информации за самото убиство и дека очекува истрагата во Холандија да биде долга, но прецизна.
– И двајцата зад нас имавме пропаднати бракови, како и деца од тие бракови. Никогаш не ја напуштив мојата земја Србија, па дури и тој сакаше поради мене наскоро да се вратиме таму, за да живееме сите заедно – вели Хариса, која не дочека да го одгледа нивното заедничко дете заедно со сопругот.
– Господ дава среќа, но луѓето ја бранат! Енвер беше голем човек, неговата големина беше што беше обичен – заклучила вдовицата.
Живеел луксузен живот
Според изворот, засега не е познат мотивот за убиството.
– Истражителите забележале дека Колашинац бил прилично богат човек и дека живеел луксузен начин на живот. Тој купил БМВ на почетокот на минатиот декември, а на почетокот на јуни се почастил со „мерцедес“, па инспекторите се обидуваат да го утврдат потеклото на парите и како заработил толку пари – објаснува изворот.
– По злосторството имаше информации дека им должел пари на работниците од фирмата што ја држел во Германија, но засега буквално нема индиции за мотивот.
Извор за српските медиуми додава дека целиот град Бухтен е вознемирен по ова злосторство.
– Во оваа област генерално нема мафијашки убиства, тоа е мирен град – изјави соговорникот.
Be the first to write a comment.