Мечот помеѓу Бразил и Србија покажа зошто Кариоките важат за први фаворити за светски шампиони. Бразилците тотално ги надиграа нашите северни соседи, а ги победија „само“ со 2-0 со два гола на Ришарлисон, од кои вториот спектакуларен.

За Србија останува надежта дека во следното коло ќе го победи Камерун, а потоа против Швајцарија да се бори за место во осминафиналето. Ришарлисон е првиот играч по Нејмар од 2014 кој дал два гола на своето деби на еден меч на СП.

Но да се префрлиме на една интересна случка на трибините. Иако неговата селекција загуби, овој Србин вечерва излезе како победник и како што велат неговите сонародници на социјалните мрежи, за разлика од српските фудбалери, тој додје на чекор до казнениот простор на Бразил, па можеби и ќе забие гол вечерва, којзнае…

– Дечково забива повеќе пати од Митровиќ и Влаховиќ заедно, се вели во еден од поинтересните коментари.