Поради невремето што ја зафати земјава, при што наврна голема количина дожд, Тетово остана без струја.

Екипите на ЕВН беа на терен за отстранување на дефектот.

Прекинот траел кратко, а во моментов е вратено електричното напојување и е отстранет дефектот.