Жителите на Арачиново протестираа пред канцелариите на ЕВН во Скопје бидејќи два дена по ред се без струја.
Револтирани денеска се собраа во подружницата во Бутел да побараат средба со еден од директорите на ЕВН. Еден од револтираните демонстранти обвини дека луѓе блиски до СДСМ ја исклучуваат струјата за, како што рече, политички цели.
„Овде има мажи кои само зборуваат, но кога ќе кажам јас, ќе му покажам убаво. Директно има работа со мене, не само да ми тера муабети, ќе му кажам убаво, стави 25.000 жители на цедило. Има 3 пиони во Арачиново, 1 во Куманово, со 25.000 жители си игра, има болни а тој излегува и си поигрува со нив, им се заканува на 25 илјади жители, не мене. И тој кумановецот идиот што ја прекина струјата е соработник на СДСМ. Не го ни обвинувајте градоначалникот, тој не е виновен“, вели Фарук Ајдини.
Многу демонстранти дојдоа со сметки во рака за да докажат дека плаќаат за струја. Дури рекоа дека 80% од жителите плаќаат струја и дека не разбираат зошто некој си игра со нивните животи!
„Види 2000 денари, еве ги другите 4000 денари. Вчера дадов 12-13.000 денари. Денеска е трет ден без струја“.
„Еве колку плативме вкупно и пак ја прекинуваат. Играат со село од 3.000 куќи, не се малку. По пазарите скапа робата, се се расипа. Еве ги сите“.
На протестите присуствуваше и градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибраими, за кого жителите велат дека не е виновен. Ибраими одржа средба со претставници на ЕВН кои му ветија дека струјата ќе биде пуштена за 4-5 часа.
„Зедовме како обврска да побараме заеднички да бидеме потписници, сите овие пријатели кои имаа можност да се сретнат со директорот и во секој случај да се стави во функција еднаш засекогаш како во другите општини. Добивме еден вид гаранција дека тоа ќе се случи многу брзо. Уште при интервенцијата ни рекоа дека ќе бидат потребни 4 до 6 часа за да се санира дефектот“, порача Ридван Ибрахим.
Ова не е прв пат жителите на Арачиново да останат без струја. Речиси во текот на целата година имаше прекини кои траеја со недели. (ТВ21)
Be the first to write a comment.