Полицаецот М.П. и неговата сестра К.П. загинале на лице место во крвавиот пир што се случилачера во селата Дубона и Мало Орашје. Ги убил Урош Блажиќ (21) кој пукал во нив со автоматска пушка.

– Д.Т., И.И. и В.К. биле застрелани во училишниот двор, а преживеал само В.К. Седеле во училишниот двор кога избило пукањето.

– Слушнав три-четири истрели и видов како некој пука од калашников… Сите беа околу клупата. Овде три години нема ниту убиство, ниту самоубиство, што е ова сега, што се случи со него, навистина не знам – велат мештаните.

– Како што дознавме, на повредената девојка Н.В. ѝ е ампутирана рака, објави Телеграф.рс.

Да потсетиме, Урош Блажиќ доцна синоќа уби 8 и рани 14 лица. Уапсен беше утрово.