Во страшна сообраќајна несреќа кај Мостар загинаа четири лица, додека уште четири лица се во болница. Како што беше соопштено утринава, таткото, мајката и синот загинаа во автомобилот Рено. Второто дете, девојче, се бори за живот во болница.

Во меѓувреме беше откриен идентитетот на починатото семејство.

„Со неизмерна тага и болка соопштуваме дека нашата членка Маријана Крстиќ трагично почина заедно со нејзиниот сопруг и синот. Маријана долги години беше истакнат член на ХДЗ БиХ и остави неизбришлива трага во својата работа и делување. Изразуваме искрено сочувство до семејството, „Почивај во мир“, објавено е на Фејсбук страницата на Здружението на жени на ХДЗ БиХ.

На Фејсбук се огласи и градоначалникот на Мостар.

„Страшната сообраќајна несреќа во Мостар шокираше и не остави сите во неверување. Изразувам сочувство до семејствата и роднините на трагично загинатите. Во оваа тешка ситуација ќе направиме се за да му помогнеме на семејството. Нека починатите почиваат во вечен мир Господи“, напиша градоначалникот на Мостар Марио Кордиќ на својот Фејсбук профил.

Несреќата се случила околу 20 часот на главниот пат во градот Буна, кога под се уште неутврдени околности се судриле „Рено Сеник“ и „БМВ Х5“, а во несреќата учествувало и друго возило „мерцедес“. Тричлено семејство, брачна двојка и деветгодишно дете загинаа на лице место, како и возачот на другото возило.

Со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од БМВ и Мерцедес, кои се пренесени во Универзитетската клиничка болница во Мостар.

Истрагата на местото на несреќата траела пет часа, поради што е прекинат сообраќајот на главниот пат кој води од Мостар кон Чапљина и Метковиќ.