Руската бодибилдерка Наталија Кузњецова привлекува внимание каде и да се појави. Оваа Русинка со облини редовно се фали со своето тело, иако повеќето сметаат дека претерува со вежбањето…

Наталија деновиве е во Црна Гора на Отвореното првенство на Црна Гора, па нејзината приказна ја заинтересира регионалната јавност.

Кузњецова почнала да се занимава со спорт на 14 години, а во центарот на вниманието беа бодибилдингот и „пауер лифтингот“. Оттогаш оваа дама која тежела само 40 килограми се претвори во мускулест шампион.

Таа на социјалните мрежи е позната по прекарот „Амазонка“ и е многу популарна…

Со висина од 170 сантиметри, таа тежи 102 килограми. Бицепсот на Наталија е 47 сантиметри, градите 130 сантиметри, колковите 74 сантиметри и едната нога 75 сантиметри. Нејзиниот струк е широк 70 см.

Наталија признава дека користи стероиди и блокатори на естроген за да постигне резултати, но нагласува дека на натпреварите на кои учествува не се тестираат такви супстанци, па се е според правилата.

Пред десет години го запознала сегашниот сопруг Владислав. Тоа што има помали бицепси од неа не му пречи. И двајцата нагласуваат дека взаемната љубов е клучот за нивната здрава врска.

📸

📸

📸

📸

📸