Момчето кое вчера се удави во Јадранското море е 22-годишниот Енис Халили од Тетово, кој требало да работи во туристичкото место Утјеха.

Вчера добил сместување, по што заминал на плажа, а првите информации од Црна Гора се дека силната морска струја го повлекла далеку од брегот.

Младиот Тетовец сакал да работи во Утјеха за да си обезбеди подобар живот, но за жал вчера го загубил животот.

Македонските власти вчера соопштија дека добиле информации од Црна Гора и дека станува збор за давење, односно нема траги на насилство.

figure>