ГЕРМАНСКИОТ бизнисмен и милионер Рајнер Шалер и неговото семејство биле во авионот што се урна во Карипското Море во близина на Костарика, соопшти владата. Извор од Министерството за јавна безбедност на Костарика потврдил за АФП дека Шалер (53) и уште пет лица се на списокот на патници во авионот.

Рајнер Шалер е основач и претседател на германската компанија RSG-Group, која управува со теретаните McFit. Германскиот весник „Билд“ пишува дека тој патувал со својата животна сопатничка, нивните две деца и уште еден маж. Меѓу патниците на авионот се Шикорски (44 годишна жена), Курек (40-годишен маж), две малолетни деца германски државјани и 66-годишниот пилот, Швајцарец, се наведува во официјалниот извештај.

Во саботата во морето се пронајдени тела на возрасен и малолетник, кои се уште не се идентификувани. Пронајдени се и некои предмети, меѓу кои патни торби и дел од трупот. Тие биле пренесени во Лимон, во истоимената провинција.

Неговото име беше споменувано во врска со несреќа на фестивал

Од тоа пристаниште, на околу 160 километри од главниот град Сан Хозе, во неделата наутро испловиле два брода на крајбрежната стража за да ја продолжат потрагата. Авионот, приватен лет, полетал од Мексико и изгубил контакт со контролната кула во Костарика околу 18 часот во петокот во близина на Лимон, каде што требало да слета.

Синџирот на евтини спортски сали McFit, основан од Шалер, е најголем во Европа (165 спортски сали во Германија и повеќе од 250 во остатокот од Европа).

Името на Рајнер Шалер беше споменато во веста за несреќата на фестивалот за електронска музика Love Parade во 2010 година, во која загинаа 21 лице, а 500 беа повредени во стампедо во бетонски патен тунел, каде што се одржуваше настанот. Рајнер Шалер презеде „морална одговорност“ за несреќата.