Автобуската несреќа која се случи рано утрото на Помурска магистрала ја предизвикал возачот на автобусот со романски ознаки, кој според досега собраните информации извртел десно од патот и автобусот се превртел во канал, соопшти словенечката полиција.
Во автобусот имало 26 патници и тројца возачи. Три лица загинаа на лице место, а три се тешко повредени, соопштија надлежните од Полициската станица Мурска Собота, јавува словенечката агенција СТА.
– Според досега собраните податоци, сообраќајната несреќа наводно ја предизвикал возачот на автобусот, кој свртел десно надвор од автопатот, така што автобусот се превртел на страна во канал, објавија медиумите.
Сообраќајната несреќа на релација Ганчани-Липовци во правец на Мурска Собота се случила околу 5 часот рано утринава, а во автобусот имало и странски државјани, соопшти локалната полиција. На лице место на повредите им подлегнале тројца сопатници, две сопатнички и еден сопатник, а тројца се згрижени во болница со посериозни повреди, изјави на прес Сузана Раус, претставник за односи со јавноста на полициската управа Мурска Собота.
Според неа, полицијата се уште прибира информации за несреќата, а истрагата за несреќата ја води истражен судија кој наредил вонреден технички преглед на автобусот и вештачење на возачот.
Според портпаролката на полицијата, засега нема информации за националноста на патниците. Се проверуваат и извештаите каде се движеле. Според досега познатите податоци, меѓу патниците немало деца.
Поради сообраќајната незгода подолго време беше затворена Помурската магистрала помеѓу клучката Ганчани и Липовци во правец на Марибор.
Be the first to write a comment.