Неискажлива трагедија се случи во четвртокот попладне на грчкиот остров Евија, кога животот го загуби 3-годишно момче, јавуваат грчките медиуми.

Според информациите објавени во тамошните медиуми, родителите на детето, кои се Роми, пријавиле дека врз главата на 3-годишното момче паднал столб.

Екипата на Брзата помош го однела детето во болницата Халкида, каде била констатирана смрт. Се очекува обдукцијата наредена од полицијата да ги расветли точните причини за смртта на детето.

Вујкото обвинет за убиство од небрежност

Вујкото на 3-годишното момче кое вчера почина во Евија е во рацете на властите. Месната заедница на Евија е шокирана од веста за смртта на малото дете врз кое додека си играло паднал столб во дворот од куќата.

Детето било Ром, додека негови роднини се обвинети за убиство од небрежност.

Според полициски извори на evima.gr, родителите Роми не биле со детето во болница, каде што било пренесено веднаш по тешката повреда, а како што велат тие во моментот на трагичниот инцидент биле на работа во Атина.

Претходно се дозна дека вујкото на детето е уапсен, додека полицијата трага и по дедото на починатото момче, бидејќи за детето во моментот на несреќата наводно биле одговорни двајцата мажи.

Полициското одделение Халкида ја презеде прелиминарната истрага и веќе од своја страна побара и обдукција за да се „расветлат“ точните причини за смртта на детето.

Како што истакнува медицинскиот персонал за evima.gr, брзата помош го однела момчето во болницата во Халкида, со тешки повреди на главата. Медицинскиот тим извршил и реанимација кога се онесвестило, но за жал подоцна бил прогласено за мртво.