Босанските медиуми јавуваат дека откриен е идентитетот на девојката која пред околу една недела наточи гориво и со својот автомобил избега без да плати.

Портпаролот на босанското МВР, Хасан Хоџиќ, за порталот „Аваз“ потврдил дека се работи за женско лице со иницијали М.К. од Сараево, која наточила гориво за 200 конвертабилни марки (околу 100 евра).

– Лицето со иницијали М.К.(1984) од Сараево е осомничено за кривично дело измама, а случајот е расчистен во соработка со полицијата од Централниот босански кантон и од кантонот Сараево, изјави Хоџиќ.

Потсетуваме, девојка дошла на бензинската пумпа „Тиоил“ во Хан Плоча да наполни гориво.

Откако работник на бензинска пумпа и наполнил гориво, девојката влегла во автомобилот и удрила на гас, па избегала. Работникот веднаш истрчал, но таа со голема брзина ја напуштила бензинската пумпа.